Прекината комисиска расправа за утврдување предлози за уставни судии
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување на предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата беше прекината.
На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да бидат сигурни за најдобар можен избор на уставни судии што можат да го направат. Но, како што потсети, рејтингот за доверба во судството е осум отсто и нагласи оти ниту еден граѓанин во државава нема правна сигурност во системот.
– Сите форми на проблеми по системот се рефлектираат во работата, односно неработата на судскиот систем, рече Јаревски, посочувајќи дека судството и правосудството, судовите, како и Уставниот суд заслужуваат одговори на многу прашања кои според него ги има се повеќе.
![]()
Тој дополни дека доколку дозволат политизација на судството, наместо добивање квалитет, тие ќе бидат соучесници.
– Доколку не се преземат чекори, подобрување во судството ќе нема, рече Јаревски.
Според него, доколку имало можност на седницата да бидат присутни кандидатите, ќе имаа поквалитетна расправа.
На седницата се расправаше за предлогот на мнозинството – Тања Васиќ Бозаџиева да биде избрана за уставен судија.
Членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања досега го утврдија предлогот на владејачкото мнозинство Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, да биде избран за уставен судија. Одбиен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Родна Живковска да биде избрана за уствен судија.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
