Прекинат транспортот на мигранти на македонско-грчката граница
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, во привремениот транзитен центар за бегалци во Гевгелија моментно има од 350 до 400 мигранти кои поради блокадата на Словенија не можеа да го продолжат патувањето кон север и се уште чекаат и се надеваат дека тоа брзо ќе им биде овозможено, јави дописникот на МИА.
Последните 1.557 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак го напуштија гевгелискиот камп вчера до попладневните часови и од тогаш транспортот на бегалци е прекинат.
На бегалците што се затекнаа во ПТЦ Гевгелија им се пружаат сите услови, од сместување до медицинска помош, но тие не сакаат да останат тука и, како што велат, се нетрпеливи да продолжат кон земјите од ЕУ.
Наплив на нови мигранти нема затоа што и од грчка страна, од кампот во Идомени, затворен е преминот на наша страна кај граничниот камен 59, а воопшто нивниот транспорт во Грција е запрен и поради штрајк на поморските транспортни работници.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија