-->
-->
Прекинат штрајкот во „Идризово“, затворската управа ќе ги пренесе барањата на затворениците
-->
Штрајкот на затворениците во „Идризово“ е ставен во мирување. Прекинот бил договорен со затворската Управа со која договориле системски да се разгледаат нивните барања.-Ние осудените лица го известуваме директорот на КПД „Идризово“ дека од денес претходно најавениот штрајк го ставаме во мирување, бидејќи со него е постигнат договор да ги претставува нашите барања пред сите надлежни институции, (Владата на РМ, премиерот и телото за помирување), пишува во писмото на затворениците до Управата на затворот.
Од „Идризово“ за МИА изјавија дека е прекинат и најавениот протест за утре за пред Владата на РМ, што требаше да го одржат семејствата на затворениците.
Тие во писмото до Управата ги повториле нивните четири барања за општа амнестија, за менување на статусот на доживотно осудените лица, за ревизија на сите кривични дела за кои сметаат дека се монтирани и за регулирање на статусот на странските осуденици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
