Македонија
27. December 2019 - 8:40

Прекин на водоснабдувањето поради зголемување на енергетската моќност на трафостаницата која е лоцирана во ПС Водно

Поради зголемување на енергетската моќност на трафостаницата која е лоцирана во ПС Водно денеска прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите: Водно, Пржино, Црниче, дел од Козле (висока зона), резиденцијалните објекти на Владата, Комплексот на МВР, Клиника за хематологија, Клиника за трансфузиологија и Детска болница Козле, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до 17:00 часот.