Прехранбени и хигиенски пакети за ромската заедница во Берово

Во Берово се поделени 70 прехранбени и 70 хигиенски пакети наменети за ромската заедница во градот. Активноста се реализираше со поддршка на волонтери од невладината организација „Сонце“ од Тетово и во соработка со Црвениот крст и фондација „Отворено општество-Македонија“.
-Дистрибуцијата на хуманитарната помош се реализираше согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19, со тоа што волонтерите заштитени влегуваа во домовите на корисниците. Со оваа помош се надеваме дека и овој пат им помогнавме на повеќе семејства за полесно справување во овие тешки моменти, истакнаа донаторите.
Освен во Берово дополнителни 1.260 хуманитарни пакети на загрозени ромски семејства се распределени и во Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес, односно во општините кои не биле опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош.
Претходно, хуманитарна помош за ромската заедница беше обезбедена со поддршка на неколку организации и поединци од Берово.
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
