Преглед на вестите од светот
Пакистан изврши одмазднички напади на повеќе локации на територијата на Иран, како одговор на нападите на Техеран пред два дена насочени кон позиции во Пакистан кои ѝ припаѓаат, како што се наведува, на сунитска милитантна група, јавуваат светските медиуми.
Нападите биле врз цели во југозападната иранска провинција Систан и Белуџистан, во близина на градот Сараван. Станува збор за нов инцидент кој доаѓа по порастот на тензиите меѓу двете соседни земји. Според извештаите, повеќе експлозии одекнале рано утрово во југозападната иранска провинција Систан и Белуџистан, во близина на градот Сараван. Привремениот премиер на Пакистан Анвар-ул-Хак Какар ќе го прекине учеството на Светскиот економски форум во Давос, во услови на зголемени тензии со Иран.
Најмалку 16 лица загинаа кога израелски проектил погоди куќа во градот Рафах нешто пред полноќ во средата изјави палестински здравствен претставник. Неколку други луѓе се ранети, очекувајќи дека бројот на жртви ќе се зголеми. Помошта наменета за израелските заложници и палестинските жители во Појасот Газа беше доставена до Египет за пренос преку границата, по договорот постигнат со посредство на Катар и Франција.
Движењето Хути од Јемен во средата го гаѓаше американскиот носач со проектили што резултираше со „директен удар“, се вели во соопштението воениот портпарол на групата Јахја Сареа.
„Поморските сили нема да се двоумат да ги таргетираат сите извори на закана во Црвеното и Арапското море во рамките на легитимното право да го бранат Јемен и да продолжат да го поддржуваат угнетениот палестински народ“, додаде Сареа. Во меѓувреме и САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, соопштија американски официјални лица кои сакале да останат анонимни.
Тие не открија за кои цели станува збор или колку ракети биле лансирани, но американската војска подоцна соопшти дека биле елиминирани 14 ракети на Хутите кои биле подготвени за лансирање.
Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата. Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.
Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје. Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.
Тоа се случи откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час.
Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници.
Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.
Поголемиот дел од Европа е зафатен снег и снежни врнежи. Обилните врнежи од снег во главниот град на Норвешка Осло доведоа до делумно затворање на главниот аеродром и предизвикаа прекин на возовите во средата. За патниците, откажувањата значеа стрес и промена на плановите.
И во други градови во Норвешка возовите поради временските услови, соопшти железничкиот оператор.
Утрово и главниот град На Франција беше во бело, со малку снег по улиците, но метереолозите предвидуваат мраз и ниски температури следниве денови.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар