Loading Video...
Свет
17. January 2024 - 12:14

Преглед на вестите од светот

Два руски проектили погодија станбена зона во центарот на Харков, при што беа повредени 17 лица, од кои двајца потешко, а тешко се оштетени куќи. Спасувачките екипи пребаруваат низ купишта урнатини, а градоначалникот Игор Тереков опиша две „моќни експлозии“ и дека најмалку 10 стана се оштетени.

Шефот на регионалната полиција, Володимир Тимошко, за јавниот сервис Суспилна изјавил дека едниот проектил удрил во пат, а другиот во трикатна станбена зграда.  Градоначалникот на Харков, , истакна дека проектилите погодиле „точно онаму каде што нема воена инфраструктура и точно каде што всушност има резиденции“.

Вториот по големина град во Украина, Харков, е честа цел на напади, но градот не падна во рацете на Русија за време на речиси двегодишниот конфликт. Минатата недела руски ракети погодија хотел во градот, при што беа повредени 11 лица.

 

Како гостин говорник на Светскиот економски форум во Давос, украинскиот претседател Зеленски апелираше за поодлучна западна поддршка, за Украина да може да се одбрани од руските напади. Зеленски најави одржување на мировна коференција.

Мораме да го обезбедиме воздушниот суверенитет на Украина. Тоа можеме да го направиме, исто како што успеавме да постигнеме превласт во Црното Море, апелирајќи на западна поддршка заради спротиставување на руските напади.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили елиминирале „терористичка ќелија“ за време на прецизен воздушен напад во кампот Балата во израелскиот окупиран град Наблус. Војската истакна дека го елиминирала Абдула Абу-Шалал, „шефот на терористичката инфраструктура“ на кампот, кој планирал да изврши терористички напад од големи размери со членовите на неговата ќелија.

Катар посредува за договор меѓу Израел и Хамас со кој ќе се доставуваат лекови до израелските заложници во Газа во замена за испорака на лекови и хуманитарна помош за палестинските цивили, пренесува Си-ен-ен.

Лековите и помошта од Доха ќе се упатат кон Египет пред да бидат транспортирани во Газа. Роднините на повеќе од 100 заложници за кои се верува дека се живи во Газа, бараат да им се пренесат лекови на нивните најблиски.

Најмалку една третина од заложниците имаат хронични болести и им требаат лекови, додавајќи дека другите страдаат од болести поврзани со суровите услови на заробеништво, кои вклучуваат ментална и физичка тортура.

Ледениот бран кој стигна до Велика Британија, нагло ги спушти температурите, а најниска температура од минус 22 степени е измерена во Шкотска. Ливерпул е најпогоден од снег меѓу англиските градови. Тешките услови и значителните снежни врнежи доведоа до затворање на училиштата во Шкотска и северна Англија и прекини во патувањето.