Преглед на вестите од светот
По само три месеци премиер на Франција, Мишел Барние поднесе оставка. Неговата влада синоќа беше соборена со гласање недоверба во парлементот. Пратениците на опозицијата - левичраскиот сојуз Нов народен фронт и десничарскиот Национален фронт ги здружија силите и го казнија Барние откако реши да ги искористи специјалните уставни овластувања и да го протурка буџетот за 2025 година - без гласање во парламентот.
- Отсекогаш со гордост сум дејствувал за да се изгради нешто, наместо да се урива. И во текот на овој период ги ислушав сите кои ми велеа дека се подготвени да соработуваат за доброто на државата. почитувани пратеници, не можам да ја прифатам идејата дека институционалната дестабилизација е целта која ги обединува мнозинството од пратениците- изјави Барние
Нови парламентарни избори не можат да се распишат пред јули 2025 година.. Претседателот Емануел Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата и ќе објави што ќе преземе. Тој не би имал проблем да именува премиер кога има мнозинствто во парлемнтот. Но, неговата коалиција Ансамбл, заедно со конзервативните републикански пратеници, е далеку од апсолутно мнозинство од 289 пратеници. Затоа ке треба да најде политичар кој ќе го прифати Нов Народен фронт или партијата на Ле Пен. По падот на владата, се зголемуваат и повиците за оставка на Макрон од опозициските политичари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар