Преглед на вестите од светот
Израел им нареди на цивилите од четири града во јужна Газа да се евакуираат, што ги зголеми стравувањата дека војната против Хамас би можела да се прошири и во области каде десетици илјади луѓе се засолниле по претходните наредби за евакуација.
Претходно израелската армија објави дека ја бомбардирале куќата на Исмаил Ханија за кој се смета дека е врховниот лидер на Хамас. Тој живее во Катар, но Изарел тврви дека куќата се користела како место за состаноци на Хамас. Армискиот портпарол Џонатан Конрикус информираше и дека ја продолжуваат рацијата во Ал Шифа, најголемата болница во Појасот, објавувајки дека внатре откриле команден центар на Хамас, како и голем број оружја и воени залихи. Хамас негира.
Комуникациите со болницата се во прекин од вчера попладне. Обединетите нации разгледуваат начини за евакуација на пациентите од Ал Шифа но опциите се ограничени поради безбедносни и логистички пречки, соопшти Светската здравствена организација. Шефот за надворешна политика на Европската унија, го повика Израел да не му се препушта на гневот како одговор на минатомесечниот напад на Хамас, велејќи дека „Еден ужас не оправдува друг.
-Го разбирам вашиот бес, но дозволете ми да ве замолам да не ве обзема бес. Мислам дека тоа може да ви го каже најдобриот пријател на Израел. Затоа што она што прави разлика помеѓу цивилизирано општество и терористичка група е почитувањето на човечкиот живот . Невини цивили, вклучувајќи илјадници деца загинаа во изминатите недели. Знаеме дека луѓето исто така се принудени да ги напуштат своите куќи и им треба помош. Ним им треба храна, вода , гориво и заштита, истакна Борел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар