Преглед на вестите од светот
Шестчлено семејство од Нови Сад загина во пожар во семејната куќа. Меѓу жртвите се 4 деца на возраст од две до седум години.
По пожарот кој избувнал во 3 часот изутрината, родителите на жртвите први се обиделе да ги спасат своите најблиски, ја скршиле вратата но не успеале навреме да ги извлечат.
Според првичните информации поражот го предизвикала батерија на електричен велосипед, но истрагата е се уште во тек.
Камала Харис и официјално ја прифати номинацијата за демократски претседателски кандидат.
Нејзиниот 45-минутен говор ќе се фокусиран на ветување дека ќе се бори за средната класа, а остри критики упати кон противкандидатот Трамп.
Вети дека ќе ја води земјата за сите Американци, ќе создаде економија на можности, но и дека ќе се бори со тиранијата ширум светот повикувајќи да се стави крај на војната во Газа.
Трамп го критикуваше нејзиниот говор,преку социјалните мрежи каде напиша „Зошто не направи нешто за работите за кои се жали?“, „Таа се залага за неспособност и слабост – на нашата земја и се смеат во целиот свет“.
Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше близу 17 милиони жители, според организацијата до 2050 тоа ќе се намали на околу 14 милони.
Според проценките на обединетите нации, населението во Македонија во следните 25 години ќе се намали за 17%, или од сегашните нешто над 1,800 000 ќе падне на 1, 500 000 жители.
Најголем пад на населението Обединетите нации предвидуваат дека ќе доживее Србија, која до 2050та според нив ќе остане со 1,2 милиони жители помалку.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар