Loading Video...
Свет
21. August 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Тројца вработени во гимназијата во Сански мост во Босна и Херцеговина утринава се убиени од страна на свој колега

Според тамошните медиуми, убиецот бил чувар на гимназијата кој со автоматска пушка ги убил директорот на училиштето, секретарката и една професорка

По нападот убиецот се обидел да се самоубие, па во тешка состојба бил пренесен во Ургентниот центар во Бања Лука.

Според засега непотврдени информации мотив за тројното убиство биле претходни недоразбирања помеѓу убиецот и жртвите за кои пред извесно време му била изречена и дисциплинска казна

Гимназијата е под засилено полициско обезбдување, а истрагата се уште во тек

 

Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Москва од почетокот на војната во 2022.

Руското министерство за одбрана тврди дека сите 45 украински дронови во текот на ноќта биле уништени во 4 региони во близина на Москва со помош на силна одбрана во околината на главниот град. Според првиот човек на Москва нападите завршиле без пријавени штети или жртви.

И додека украинските сили вршат притисок во западниот руски регион Курск, 14 годишно момче почина, а 4 деца се потешко повредени во рускиот напад во близина на детско игралиште во Запорожје.

 

Без договор за прекин на огнот во Газа американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја заврши својата девета посета на Блискиот Исток од старот на војната.

 Откако ги посети Израел и клучните посредници помеѓу двете завојувани страни, Блинкен од Доха порача дека времето е од суштинско значење кога станува збор за постигнување на примирје и апелираше до претставниците на Хамас да го прифатат планот предложен од американската администрација.

Милитантно исламистичкиот Хамас вчера го оцени најновиот предлог како промена на она што било договорено и ги обвини САД дека додаваат нови услови од страна на Израел

Во меѓувреме не запираат ниту борбените дејствија меѓу двете страни