Loading Video...
Свет
10. December 2023 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Продолжува израелската  копнена и воздушна офанзива на појасот Газа. Ќестоките борби се водат во Северна Газа  и во јужниот град Кан Јунис соопштија и Хамас и Изарел.  Хамас  го обвини Израел дека продолжува да бомбардира делови од Газа   каде на цивилите им било кажано да бегаат. Израелксат армија  пак тврди дека   милитантите истрелуваат ракети од хуманитарната зона.  Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади го обвини Израел дека спроведува систематска политика на истиснување на Палестинците од Газа преку војна .Реагираше израелската влада.

Тоа се, безобразни и лажни обвинувања. Израел се бори да се одбрани од чудовиштата кои го извршија масакрот на 7 октомври. А целта на нашата кампања е да ги изведеме тие чудовишта пред лицето на правдата и да се погрижиме тие никогаш повеќе да не можат да го повредат нашиот народ. Ги повикуваме цивилите во Газа  да се извлече од опасноста до одредената безбедна зона, изјави  портпаролот на израелската влада.

Катар продолжува  да вложува напори за постигнување примирје во војната помегу Изарел и Хамас соопшти  катарскиот премиер.   

Ќе продолжиме да вршиме притисок врз страните и покрај тоа што секоја партија има за цел да ги уништи другите. Сè уште ги продолжуваме нашите напори. Се надеваме дека ќе се вратиме на договорот што го постигнавме пред неколку недели. израелски напади  ја „намалуваат можноста“ за позитивен резултат , зизјави катарскиот премиер.  иајви катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман ал Тани

Во меѓувреме  Палестинскиот премиер Мохамед Штаје  ги повика земјите да го санкционираат Израел  доколку продолжи да го крши меѓународното и хуманитарното право.

Најмалку шест лица загинаа а над 20 се повредени  откако торнада  и силни грмотевици  синока  ја погодија  американската сојузна држава Тенеси. Мегу жртвите има и дете.  Најмногу погодени се  округот Монтгомери и градот Нешвил.   Оштетени се домови и деловни простории а повеќе од  80 000 домаќинства се без електрична енергија.

Овогодинешните Нобелови награди беа  доделени денеска на свечености во Норвешка и Шведска.. Добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади не се појави лично да ја прими наградата , бидеки  Иранските власти не го прифатија барање на нобеливот комиет да ја пуштат од затвор. Наградата им беше врачена  во Осло на нејзиниот сопруг и двете деца. Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината работа за човекови права насочена кон правата на жените во Иран. Лауреатите беа објавени во октомври, а наградите традиционално се доделуваат на годишнината од смртта на основачот на наградите Алфред Нобел.