Loading Video...
Свет
5. August 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Палестинското исламистичко движење „хамас“, кое управува со појасот Газа го избра Халед Машал за привремен лидер, јавуваат арапските медиуми.

Според изворите на порталите Ал-Арабија и Ал-Хадад, лидерите на групата се согласија Машал да биде на чело на Хамас до одржувањето на нови избори. Машал, кој беше лидер на групата од 1996 до 2017 година и сега живее во Катар, е избран за привремен лидер на движењето по убиството на Исмаил Ханија. Ханија беше убиен во среда во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, кого го обвинуваат за нападот. Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако ден претходно во Техеран се одржа погребната церемонија.

Инаку, Блискиот исток повторно е на работ на драматична ескалација на конфликтот. Најавена е силна иранска одмазда за убиството на првиот човек на Хамас. Тројца американски и израелски официјални лица рекоа дека очекуваат Иран да го нападне Израел. Ако силно вооружената либанска група Хезболах се придружи на одмаздата на Иран, војната што започна со бруталниот напад на Хамас врз Израел, може да прерасне во широк регионален конфликт.

Се поголем број држави им даваат препораки на своите државјани да го напуштат либан поради ризикот од воена ескалација на блискиот исток.

Авиокомпаниите го избегнуваат иранскиот и либанскиот воздушен простор и ги откажуваат летовите кон Израел и Либан.

Русија соопшти дека нејзините сили зазеле населба во Доњецк, додека Украина соопшти дека уништила два крстаречки ракети за време на битките со руските сили.

Локалните извештаи велат дека градовите Доњецк и Луганск биле под напади од Украина, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата потврди дека првата серија борбени авиони Ф-16 обезбедени од НАТО пристигнала во Украина.

Силно воено присуство беше забележано во главниот град на Бангладеш Дака денеска, еден ден по протестите во кои загинаа најмалку 91 лице, а стотици беа повредени. Пристапот до интернет во Бангладеш денеска е ограничен во голема мера, соопштија давателите на услуги и телата за мониторинг.

Бангладеш е зафатен од протести и насилство откако студентските групи побараа укинување на контроверзниот систем на квоти на владините работни места. Воедно бараат смена на премиерот Шеик Хасина, кој го освои четвртиот мандат по ред во јануари на изборите бојкотирани од опозицијата. На улиците на главниот град беа армиски тенкови и полициски возила, а безбедносните сили патролираат пеш. Скоро и да немаше цивилен сообраќај, освен неколку мотоцикли и рикши.