Loading Video...
Свет
3. December 2023 - 16:46

Преглед на вестите од светот

Германски турист е убиен, а двајца се повредени во напад со нож и чекан на улица, близу Ајфеловата кула.

26-годишен радикален исламист стои зад нападот, а според надлежните, тој веќе им бил познат на безбедносните служби. Осомничениот им се приближил на туристичката двоја, извикал „Алах е голем“ и го избодел германскиот државјанин до смрт. Потоа нападнал уште две лица со чекан пред да биде уапсен од француската полиција.

Според француските власти, тој веќе бил осуден во 2016 за планирање терористички напад, а боледувал и од психијатриски нарушувања.

Туристите во Париз се исплашени, стравуваат дека и самите можеле да бидат мета на нападот.

-Тие беа туристи, така? И јас сум исто... не сум парижанец. Така што, тоа можев да бидам јас. Тоа ми беше првото чувство, вели корејскиот турист, Синг Ријонг Ли.

Парижани стравуваат од нови напади.

-Ако ги гледаме вестите во моментот, ова не не изненадува. Поради тоа што нападот е случаен, уште е покомплицирано за да се превенира. Најверојатно ќе има нови. Празниците се ближат и за жал, се плашам дека ова нема да биде последен напад, вели Дидиер Флури.

26-годишниот терорист бил вознемирен бидејќи многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина.

 

Продолжуваат уличните борби во Газа.

Израелските сили навлегоа во појасот, и трагаат по тунелите на Хамас кои водат и до џамии.

Американскиот државен секретар за безбедност, Лојд Остин побара од израелските власти да ги заштитат цивилите во Газа нарекувајќи ги „центар на гравитација“ во војната меѓу Израел и Хамас и предупреди дека тоа е уште поголем ризик за нивна радикализација.

Додека Изралските безбедносни сили и Хамас водат битки на улиците во Газа, цивилното население ги брои жртвите.

Повредени Палестинци, меѓу кои и голем број деца бараат помош во болниците по израелските ракетни напади во јужниот дел на Газа.

Цел на напад беше и кампот Џабалиа.

Преку границата со Египет се уште пристигнува помош за цивилното население, а на граничниот премин Рафах долги колони камиони чекаат да влезат.

 

Шпанската полиција уапси речиси еден тон кокаин во пристаништето Алгесирас. Како што соопштија локалните власти, кокаинот бил на „Балканскиот картел“ за кој тие тврдат дека во моментот е најактивен во Европа.

Дрогата била скриена во бродски контејнери кои пристигнале од Јужна Америка.

Шпанските власти ја продолжуваат истрагата во обид да ги фатат членовите на групата.