Loading Video...
Свет
1. December 2023 - 16:32

Преглед на вестите од светот

БОРБИТЕ ВО ГАЗА ПРОДОЛЖУВААТ, ПРОДОЛЖУВААТ И ПРЕГОВИТЕ ЗА ПОВТОРНО ПРИМИРЈЕ

Најамлку 100 палсетинци се убиени утрово во изарелксите воздушни напади во јужниот дел на појасот Газа  тврди министерството за здравство во Газа. .  Претходно  изарелската војска  објави дека ја обнвува борбата проитв Хамас,обвинувајќи ја групата дека за кршење на условите на примирјето, истрелале  ракети кон Јужен Израел непосредно пред истекот на седумдневното примирје   утринава. И покрај обновувањето на воените дејствија во Газа, преговорите за повторно примирје помегу Израел и Хамас продолжуваат  соопшти министерството за надворешни работи на Катар. Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, ги повика сите  држави кои имаат влијание врз Израел и Хамас  да ги удвојат напорите за да обезбедат итен прекин на огнот.

НА САМИТОТ ЗА КЛИМАТА ВО ДУБАИ НЕ СЕ ЛИДЕРИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ САД И КИНА

Над 130 светски лидери учестуваат на  климатската конференција на ОН во Дубаи, мегу нив и претседателот Стево Пендаровски. На самитот КОП28  не се   лидерите на најголемите загадувачи САд и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг. Првиот човек на ОН на стартот од самитот  порача дека согорувањето на фосилните горива мора целосно да се запре и дека намалувањето на нивната употреба нема да биде доволно за да се запре глобалното затоплување.  Ќе се разговара и на темата кој и како ќе плати за санирање на последиците од климатските промени за сиромашните земји кои најмалку загадуваат а најамногу страдаат од екстремна суша или поплави.

ВУЧИЌ: НА КОСОВО НЕМА ДА ИМА ИЗБОРИ ПОРАДИ КУРТИ

Косовскиот премиер Албин Курти не дозволува да се одржи гласање на косовска територија за српските парламентарни избори закажани за 17 декември . Сакаат да го признаеме Косово за Србите таму да може да учествуваат на изборите  изјави спрскиот претсдеател Александар Вучик. ..Во минатото, по прогласувањето на косовската независност во 2008 година, со асистенција на меѓународната заедница, им се овозможуваше на косовските Срби да гласаат на избирачките процеси во Србија, меѓутоа таа пракса се прекина по доаѓањето на власт на Курти во февруари 2021 година.