Loading Video...
Свет
30. November 2023 - 16:48

Преглед на вестите од светот

Хамас тврди дека негови членови стојат зад нападот во Ерусалим во кој беа убиени три лица, а осум се повредени. 

- Оваа операција е природен одговор на злосторствата без преседа на окупаторот во Појасот Газа и врз децата во Џенин, на Западниот Брег, окупиран од Израел, се наведува во соопштението на палестинското исламистичко движење.

Две вооружени лица отворија оган кон луѓето кои стоеле на автобуска станица за време на утринскиот шпиц, пред да бидат убиени на местото на настанот од изарелски војници.  

- Тешко утро за сите нас, мое сочувство до семејствата и добро здравје на повредените и голема прегратка за хероите што ги спасија луѓето овде. Овој настан повторно докажува како не смееме да покажеме слабост, дека мораме да разговараме со Хамас само преку оружје, преку војна. Против Хамас мора да се бориме, изјави Бен Гвир, министер за национална безбедност на Израел.

Нападот се случи кратко откако Израел и Хамас се догворија за продолжување на примирјето во појасот Газа за уште еден ден. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој од синоќа е во Израел, на средбите со државниот врв исткна дека се надева дека примирјето ќе продолжи уште неколку дена. 

Познатиот американски дипломат и добитник на нобеловата награда, Хенри Кисинџер, почина синоќа на 100-годишна возраст во својот дом во Конектикат. Кисинџер остави неизбришлива трага во надворешната политика на САД. Служеше како главен дипломат и советник за национална безбедност во администрациите на Ричард Никсон и Џералд Форд.

Иако ја напушти Белата куќа во 1977 година, Кисинџер продолжи да биде јавен коментатор на меѓународните односи и неговите совети беа барани од Кенеди до Бајден

Рускиот Врховен суд денеска пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат етикетирани како екстремисти, поради што припадниците на хомосексуалната заедница и трансродовите лица стравуваат дека ќе бидат апсени и кривично гонети.

Овој потег уследи по зголемените ограничувања за изразување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во Русија, вклучително и законите со кои се забранува промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи и забрана за правна и медицинска промена на полот.