Loading Video...
Свет
3. April 2024 - 12:26

Преглед на вестите од светот

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван. Седум лица загинаа, а најмалку 736 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Тајван, соопштија локалните власти. Сите смртни случаи се во округот Хуалиен. Бројот на жртви се очекува да се зголеми, посочувајќи дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните 25 години во оваа земја.

Земјотресот го погоди источниот брег на Тајван, а потоа следувала серија малку послаби земјотреси. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен. Токму таа област е и меѓу најоштетените. Земјотресот е почуствуван и во Кина. Во моментов без струја се 91.000 домаќинства, а прекинати се и некои железнички линии на истокот од земјата. Јапонија и Тајван го повлекоа предупредување за цунами кое беше издадено веднаш по земјотресот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори.

За ова ќе разговараат 32-те земји од НАТО денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, велат истите извори. На состанокот не се очекува одлука, но „разговорите за тоа ќе продолжат пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули“,изјави неименуван претставник на Алијансата. За финансирањето на тој фонд се уште се разговара, но идејата е секоја од земјите-членки на Алијансата да придонесе според својот бруто домашен производ (БДП). 

Израелската армија го опиша убиството на седуммина хуманитарни работници од американската хуманитарна организација World Central Kitchen (ВЦК) во воздушен напад во Појасот Газа како „сериозна грешка“. Нападот не беше извршен со намера да им наштети на ВЦК-работниците. Тоа беше грешка што следеше по погрешна идентификација ноќта, за време на војна под многу сложени услови“, рече началникот на израелскиот генералштаб Херци Халеви во видео порака објавена на онлајн сервисот X. „Тоа не смееше да се случи.“

Белата куќа соопшти дека е „огорчена“ од израелскиот напад во кој загинаа седум хуманитарни работници. Координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации, Џон Кирби, призна дека е спроведена прелиминарна истрага, но рече дека се очекува пошироката истрага.

Светската централна кујна ја прекина испораката на храна за гладните Палестинци.

Илјадници Израелци синоќа, четврти ден по ред, протестираа против владата и во корист на договорот за ослободување на заложниците во Газа. Израелските медиуми објавија дека демонстрантите синоќа се собрале со факели во рацете во близина на зградата на парламентот во Ерусалим и побарале нови избори. Израел проценува дека речиси сто заложници, кои ги држи исламистичката организација, сѐ уште се живи.