Loading Video...
Свет
2. April 2024 - 16:49

Преглед на вестите од светот

Во пукање во основно училште во финаксиот град Ванта е убиен еден ученик а двајца други се тешко ранети. Напагачот, кој е ученик во училиштето е уапсен а мотивот за делото сеуште се истражува .  И нападните и напаѓачот се на возраст од 12 година соопшти полицијата.. Пиштолот што го користел му припаѓал на негов близок роднина .  Учениците во Финска поради Велигден не одеа на училиште во петокот и понеделникот и денеска беше првиот работен ден по празникот.

Во израелски воздушен напад во градот Деир ал Балах во Газа се убиени шест странски  хуманитраци и нивниот палестинскиот возач соопшти шпанската невладината оргазаиција Светската  Централна кујна за која работеле настраданите.  Станува забор за тројца Британци, Австралиец, полски државјани и двоен државјан на САД и Канада. Видеото од нападот покажува две уништении возила со логото на хуманитраната организација во близина на складиште за дистрибуција на хуманитарна помош. Австралија очекива целосна одговорснот за смртт на хуманитарните работници што е целосно неприфатливо, зиајви Ентони Албанес, премиер на Австралија. 

 Тие загинаа правејќи го она  што со година таа невладина организација го прави-   храни луѓе среде толку многу пустош. Чекам и барам израелската влада што е можно поскоро да ги разјасни околностите на овој брутален напад, изјави  Педро Санчез, премиер на Шпанија.  

Израелскиот премиер го призна нападот, но како што рече бил нанемерен инцидент. За жал, во последните 24 часа имаше трагичен случај нашите сили ненамерно да погодат невини луѓе во Појасот Газа истакна  Нетањаху.

Потрагата по двегодишната Данка, која исчезна миантиот вторник во населбата Бањско поле кај Бор  влезе во 8 ден. Српската полиција проверува неколку станбени згради и еден подрум во Бањско поле  а  продолжуваат и разговори со лица кои би можеле да бидат поврзани со изчезнувањето на девојчето.. Според најавите, спрската полиција во текот на денот од  полицијата во  Австраија ке добие   податоци за идентитот на детето од видеото снимено во Виена, за да се утврди дали се работи за Данка Илик. Австрискаат полиција работи и на утврдување на идентитее на двете жени кои се близина на девојчето. Спрки Инфомер пишува дека спркаат полицијата прегледувајки снимки од камерите  на  граничте премини,  забележала  дека Најмалку два автомобила во кои има жени кои личат на тие од видеото од Виена преминале на граничниот премин Кладово-Турни-Северин со Романија.. Претходно беше откриено дека мајката на девојчето на интернет го пребарувала  овој премин кратко пред исчезнувањето на Данка, како и дека родителите ја однеле Данка на специјалистички преглед пред исчезнувањето.