Loading Video...
Свет
31. March 2024 - 16:40

Преглед на вестите од светот

Католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник –Велигден.. Традиционално, во земјава централното одбележување се одржа синоќа во Римокатоличката црква пресвето срце исусово, а воскресната литургија ја водеше бискупот Киро Стојанов..

По повод празникот, илјадници верници се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да го проследат обраќањето „урбие ет орби“ на папата Франциск.. Во фокус на неговиот говор беа воените конфликти во Украина и Газа..

„Апелирам да се обезбеди пристап до хуманитарна помош во Газа и уште еднаш повикувам на брзо ослободување на заложниците. Да не дозволиме сегашните непријателства да продолжат да имаат тешки реперкусии врз цивилното население, пред се врз децата.. Колку страдања гледаме во детските очи“

Католичкиот Велигден се одбележува и во Ерусалим.. Стотици верници ја следеа мисата во црквата Светиот гроб..

Се појави видео снимка за која се тврди дека на неа е исчезнатото двегодишно девојче од Србија.. Според српските медиуми, малата Данка е снимана во Виена во друштво на две жени за кои се тврди дека се романки.. Полицијата веднаш ги контактирала властите во Австрија и Европол.. Засега нема потврда каде точно е направена снимката, на која се гледа девојче, но не може да се потврди дека се работи за исчезнатото девојче.. Српскиот претседател Вучиќ, денеска изјави дека полицијата има нова трага во потрагата по двегодошната Данка..

„Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата која работи деноноќно. Кога во три и пол синоќа се појави нова трага, ме известија и мене. До пет и пол секој беше на своето место. Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓето се борат за еден прекрасен живот. Секој божји ден. Се надевам дека ќе успеат да го расветлат и овој случај“, рече Вучиќ.

Потрагата по Данка Илиќ трае шест дена. Девојчето исчезна од дворот на куќата во Бањско поле во вторникот попладне..

Романија и Бугарија од денеска делумно се приклучија на европската зона без проверка на патните документи, што означи нов чекор во подлабоката интеграција на овие две земји-членки во Европската унија (ЕУ).

По одлуката, аеродромите во Софија и Букурешт ги отстранија пасошките контролни пунктови за патниците кои заминуваат или пристигнуваат од земјите-членки на ЕУ.

Сепак, копнените гранични контроли ќе останат во сила поради противењето на Австрија, која долго време го блокираше.