Loading Video...
Свет
28. November 2023 - 19:52

Преглед на вестите од светот

ПОВЕЌЕ ЗАЛОЖНИЦИ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ СО ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА ПРОДОЛЖЕНО ЗА 48 ЧАСА

Привремениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас влезе во својот петти ден откако синоќа беше договорено продолжување од 48 часа. 10 израелски заложници ќе бидат ослободени во текот на денот и уште 10 во среда. За секој ослободен израелски заложник Израел осободува по тројца палестински затвреници. Катар објави дека во тек се разговори со завојуваните страните за ново продолжување на примирјето. Израел останува на понудата еднодневна пауза во борбите за секои 10 ослободени изарелски заложници. За време на четирдневната пауза во борбените дејствија Хамас ослободи 50 Израелци во замена за 150 Палестинци држени во израелските затвори. Сите ослободени во размената се главно жени и деца. Слобада чекаат уште деца заложници.

На 7 октомври по нападите на Хамас врз Изарел беа заробени најмалку 240 Израелци и странци според изарелските војската. Хамас соопшти дека некои цивилни заложници ги држат помали исламистички групи, како палестинскиот исламистички џихад.  

Пазузата во борбите се користи и за испорака на поголема хуманитарна помош во појасот Газа. ОН велат дека тоа е само мал дел од количината на помош што би се доставувала дневно пред војната. Ситуацијата во Појасот Газа дополнително ја влошува дождот и лошите временски услови, а голем број цивили бараат засолниште меѓу урнатините на зградите.

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ УКРАИНА, НАЈМАЛКУ 10 МРТВИ

Украинците, покрај војната, се соочуваат и со снежно невреме, кое предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а многу патишта се непроодни. 10 лица загинаа во регионите Одеса, Харков, Миколаев и Киев изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко. На некои места има и два метра снег. Од снежните наноси треба да се извлечат уште околу 1500 возила.

СПАСУВАЧИТЕ СЕ ПРОБИЈА ДО ЗАТРУПАНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ИНДИСКИОТ ТУНЕЛ

Спасувачите се пробија до 41 градежен работник кои од 12 ноември беа заробени во тунел кој се сруши додека го градеа во Северна Индија. Надлежните служби соопштија дека сега ќе ги извлекуваат еден по еден преку челична цевка со дијаметар од 90 сантимерти што ја провлекле низ урантините на тунелот а процесот ќе трае неколку часа. Заробените беа снабдувани со кислород, храна и вода преку посебна тесна цевка. Властите се уште немаат информации што предизвикало рушење на тунелот.