Преглед на вестите од светот
Петти ден од примирјето меѓу Израел и Хамас. Денеска треба да бидат ослободени нови 10 заложници кои ги држи палестинската воена организација во своите засолништа. Утрово израелците го добиле списокот на луѓе кои Хамас планира да ги ослободи во следните 24 часа.
Списокот моментално се прегледува и во овој момент се разменуваат информации со нивните семејства. Кога ќе бидат утврдени сите податоци, ќе продолжи операцијата за ослободување, информираа Израелските власти.
Инаку, според договорот палестинското воено крило мора да ослободи 20 заложници, а за возврат на сила е договорот за прекин на огнот во рок од 48 часа. Првиот дел од договореното го исполнија и двете страни, односно Хамас ослободи 50 заложници, додека Израел ослободи 150 затвореници.
Додека трае примирјето во Газа, на западниот брег продолжуваат инцидентите меѓу двете страни. Според последниот извештај, израелската војска во текот на ноќта убила двајца Палестинци, членови на организацијата ВАФА.
Поради последните случувања, првиот човек на ОН, Антонио Гутереш денеска го повтори својот повик за долгорочен прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Газа. Тој оцени дека Палестинците страдаат во едно од најтемните поглавја во својата историја.
Спасувачките тимови дојдоа на пет метри од 41 работник заробени во сообраќајниот тунел што се урна во северна Индија, соопштија денеска тамошните власти. Од утрово во спасувачката акција се вклучија и семејствата на дел од заробените работници, и се очекува конечна разврска на случајот. Во тунелот веќе почнаа да влегуваат и возила на брзата помош.
Спасувачката операција треба да заврши наскоро. Челична цевка која е доволно широка за да им овозможи на луѓето да минуваат достигна 52 метри во внатрешноста на тунелот и треба да се пробие уште 5 метри, соопштија властите на индиската сојузна држава Утаракханд.
Според досегашните инфроамции, сите работници се живи, бидејќи преку цевководот се снабдуваат со вода и сува храна. Тунел долг 4,5 километри, кој што е во изградба, се урна на 12ти овој месец.
-
Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар