Loading Video...
Свет
27. November 2023 - 12:28

Преглед на вестите од светот

Последен ден од договореното примирје меѓу Израел и Хамас. Израелските власти информира дека Хамас им доставил список од 11 заложници кои планира да ги ослободи денеска. Списокот на заложници се разгледува во тел Авив, и доколку биде усвоен, денеска ќе биде заокружена бројката од 50 лица кои Хамас треба да ги ослободи, во замена за 150 палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.

Изминатите 24 часа беа ослободени 17 заложници на Хамас, дел од нив израелски, дел странски државјани. Израел пак, во склоп со договорт ослободи 39 палестински затвореници.

Договорот меѓу двете страни предвидува продолжување на примирјето, во случај Хамас да се согласи да ослободи дополнителен број за заложници. Премиерот на Израел Бењамин Нетањаху пак потврди дека веднаш по завршувањето на примирјето почнува нова фаза на борба против палестинската воена организација.

Во меѓувреме продолжуваат инцидентите меѓу приврзаници на Израелците и Палестинците во други земји во светот.

Последниот посериозен инцидент се случи во американската држава Вермонт, во градот Бурлингтон каде синоќа беа застрелани тројца млади студенти со палестинско потекло. Нападот го извршил белец вооружен со пиштол. Двајца од повредените се наоѓаат во стабилна состојба, а еден е потешко повреден.

Кина продолжува да се бори со напливот на респираторни заболувања. Во последниот бран погодени се и многу деца, информираа кинеските власти.

Процентот на заболени деца е особено висок во северните области на Кина како што се Пекинг и провинцијата Лиаонинг. Кинеските медиуми јавуваат за преполни чекални и редици на луѓе кои бараат медицинска помош.

Кинескте здравствени власти излегоа со соопштение преку кое ги охрабруваат родителите веднаш да побараат лекарска помош доколку нивните деца покажат какви било симптоми, особено за бебиња под три месеци.

По големиот скок на заболени,  минатата недела Светската здравствена организација  побара од Кина повеќе информации за зголемениот број на случаи на пневмонија кај децата. По рагледување на случаите добиени од кинеските власти, СЗО во последниот извештај посочи дека не се пронајдени нови или невообичаени патогени вируси во најновите заболувања.