Loading Video...
Свет
1. March 2024 - 12:14

Преглед на вестите од светот

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска ќе биде погребан во Москва, две недели откако ненадејно почина на 47-годишна возраст. За погребот на Навални во Москва се спроведуваа силни безбедносни мерки.

Навални кој беше најголемиот критичар на Путин ќе биде погребан во Маржино, на периферијата на Москва. Во средата, тимот објави дека комеморацијата ќе започне во 14:00 часот по московско време. Погребот треба .

Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг. Тој помина три години во затвор. Неговиот тим, ги покани луѓето да присуствуваат на комеморацијата и погребот. Инаку,во 2015 година илјадници луѓе излегоа на улиците да му оддадат почит на убиениот опозициски политичар Борис Немцов, но малку е веројатно дека сега ќе биде дозволено слично масовно собирање на погребот на најголемиот критичар на Путин. Присутно е и полициско присуство и бариери кои ќе бидат поставени во близина на црквата каде што ќе се одржи панихидата и на гробиштата каде што треба да биде погребан Навални.

 

Според последните информации од Газа, најмалку 112 Палестинци загинале, а 760 се повредени додека очајнички се обидувале да ја добијат потребната помош. Толпа луѓе тргнала кон колоната камиони на крајбрежниот пат југозападно од градот Газа, во присуство на израелски тенкови.

Израелската војска соопшти дека не извршила напад во северниот дел на Газа. Официјален претставник на израелската армија изјави дека имало два инциденти, од кои во првиот десетици луѓе биле убиени или повредени додека се обидувале да земат помош од камионите и биле прегазени.

Тој нампоена дека имало и втор инцидент во кој некои луѓе од толпата им пришле на војниците кои се чувствувале под закана и отвориле оган, убивајќи непознат број во „ограничен одговор“.

Портпаролот на израелската војска, контраадмирал Даниел Хагари, рече дека израелските тенкови кои ги придружувале камионите испукале предупредувачки истрели за да ја растераат толпата и се повлекле кога настаните почнале да излегуваат од контрола.

Хамас го отфрли извештајот на израелската војска повикувајќи се на непобитни докази за директен оган врз цивили. Десетици жртви во критична или сериозна состојба биле донесени во блиската болница. Лекарите рекоа дека не можат да се справат со обемот и сериозноста на повредите. Десетици беа пренесени во друга болница Ал-Шифа, која е само делумно оперативна по израелските рации.

Хамас рече дека инцидентот може да ги загрози разговорите во Катар со цел да се обезбеди прекин на огнот и ослободување на израелските заложници што ги држи.

Белата куќа соопшти дека Бајден разговарал за „трагичниот и алармантен инцидент“ со лидерите на Египет и Катар, како и начините да се обезбеди ослободување на заложниците на Хамас и шестнеделен прекин на огнот.

САД итно бараат информации за тоа што се случило, соопшти Стејт департментот, ќе изврши притисок за одговори од Израел. Советот за безбедност на ОН закажа вонреден состанок зад затворени врати за да разговара за инцидентот.