Loading Video...
Свет
29. February 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Џо Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ во период додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор. Во писмото се додава дека Бајден „се чувствува добро и дека овогодинешното испитување не открило нови проблеми“.

Најстариот претседател во американската историја Бајден би наполнил 86 години до крајот на вториот мандат, доколку го добие.

Администрацијата на американскиот претседател ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош во Појасот Газа со воени авиони. Ова од причина што помошта од копно станува се потешка или речиси  невозможна. Канада веќе планира да започне испраќање помош од воздух во Газа во текот на следната недела.

Според податоците на ОН, најмалку 576 илјади луѓе или околу една четвртина од населението на Појасот Газа, се на работ на глад. Едно од шест деца на возраст под две години страда во северниот дел на Газа страда од акутна неухранетост, велат ОН.

Бројката на убиени во Газа се зголемува и веќе изнесува веќе над 30.000 се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас. Оваа бројка е од почетокот на конфликтот што почна на 7.октомври. Ноќеска во нападите на израелските сили загинале 79 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија на Украина и е подготвена да понуди платформа за соодветни преговори.

Претседателот на Турција преку видео порака на самитот „Украина – Југоисточна Европа“,нагласи дека неговата земја е подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина, особено што војната влезе во третата година.

Москва и Анкара претходно ја најавија посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција. Посетата ќе се одржи по претседателските избори во Русија .

 

Вулканот Попокатепетл, еруптирал дури 13 пати во последните 24 часа па Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла.

Вулканската пепел ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико Сити и доведе до затворање на аеродромот во градот Пуебла, што е уште поблиску до вулканот.

Вулканската пепел е особено опасна за воздухопловството, не само затоа што ја намалува видливоста, туку и затоа што ги оштетува моторите и трупот на авионите. Пепелта може да ги покрие пистите, да му наштети на здравјето на персоналот на аеродромот и да предизвика низа други проблеми.

Вулканот Попокатепетл е активен половина милион години и редовно еруптира. Неговата последна голема ерупција се случи пред повеќе од илјада години.