Loading Video...
Свет
20. February 2024 - 20:00

Преглед на вестите од светот

Телото на Алексеј Навални семејството ќе го добие по 14 дена, мајката на Навални побара од Путин да и го предаде телото

Телото на Алексеј Навални, руски опозициски лидер и жесток критичар на Владимир Путин, ќе биде задржано две недели заради хемиска анализа. Ова руските истражни органи и го кажале на неговата мајка Људмила. Мајката на Навални побара од Путин веднаш да го предаде телото на нејнзиот син. Од руските власти засега нема информации каде во моментот се наоѓа телото на Навални. Според затворските власти Навални починал од синдром на ненадејна смрт. Западните лидери како директно одговорен за смртта на опозиционерот го посочија претседателот на Русија, Владимир Путин. ЕУ побара, но Кремњ одби независна меѓународна обдукција за Навални. Во меѓувреме, руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по Олег Навални, братот на Алексеј Навални. Засега не е позната причината за издавање на потерницата.  

 

Трактори ја окупираа Атина, можна блокада и на граничните премини

Земјоделци од цела Грција со трактори ја окупираа Атина, откако Владата не им излезе во престрет да ги исполни нивните барања. Собрани пред грчкиот парламент, земјоделците повторно побраа надоместоци поради намалено производство предизвикано од непогоди и болести, изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики намалување на трошоците за производство. Земјоделци пак кои не учестуваат на протестот пред парламентот, не заминаа во Атина, највија дека доцна попладнево можеби ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата.

 

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина

Шведска ќе ја донира досега најголемата воена помош за Украина во износ од околу 700 милиони долари, соопшти Министерството за одбрана на таа земја. Киев ќе добие 90 оклопни возила, 90 борбени чамци, рачни гранати и  фрлачи на гранати Карл Густав. Поддржувајќи ја Украина, ние инвестираме во нашата безбедност изјави шведскиот министер за одбрана. Претседателот на Украина, синоќа, во своето секојдневно видео обраќање изјави дека ситуацијата е исклучително тешка на некои точки на фротнтот, особено што земјата се соочува со недостиг на муниција. Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина  и неодамна го зазедоа градот Авдивка во регион Доњецк, што е нивна прва голема победа по заземањето на Бахмут во мај 2023 година.