Loading Video...
Свет
12. February 2024 - 18:42

Преглед на вестите од светот

Израелската војска ослободила двајца заложници во акција во Рафах

Израелците ја поздравија веста за двајцата заложници кои израелската војска доцна синоќа ги спаси во Рафах, во јужниот дел на појасот Газа, но и порачаа дека сите преостанати заложници мора да бидат ослобдени од рацете на Хамас. Ослободените, 61 годишниот Фернандо Симон Марман и 70 годишниот Луис Хара се во добра здравствена состојба и веке се сретнаа со членови на нивните семејства во болница во Тел Авив. Паралелно со спасувавачката операција, изарелската војска извршила воздушни удари во Рафах, при што како соопшти  Хамас најмалку 67 палестинци  биле убиени. Израелскиот премиер изјави дека Израел дека нема да пропушти ниту една можност да ослободи уште заложници кои ги држи Хамас од 7 октомври, додавајќи дека воената офанзива ќе продолжи до конечната победа над Хамас. Според проценките, милитаните држат уште околу 134 заложници.

 

Поранешен вработен во грчка бродска компанија уби 3 лица во инцидент со пукање

Вооружен напаѓач, кој утроово пукаше во вработени во грчка бродска компанија во Атина уби три лица, по што извршил самоубитсвото. Меѓу убиените е и сопственикот на компанијата. Напаѓачот е поранешен вработен во фирмата, кој неодамна  добил отказ, изјави полицискиот портпарол. Во тек е истрага за инцидентот.

 

Борел: НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател

НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател изјави шефот на европската дипломатија Борел по скандалозната изјава на Доналд Трамп екс американски претседател и фаворит за републикански кандидат на престојните претседателски избори во САД. За време на предизборен митинг во Јужна КАролина викендов, Трамп рече дека не би штител ниту една земја членка на НАТО во случај да биде нападната од Русија ако таа не си ги плаќа обврските кон Алијансата.

„Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател, Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни! НАТО или постои или не“, изјави Борел.   

Синоќа Белата куќа изјавата на Трамп ја оцени како застрашувачка и несоодветна а Кремњ одби да ја коменитра. Според податоци на НАТО, САД финансираат две третини од целиот буџет на Алијансата.