Loading Video...
Свет
8. February 2024 - 19:47

Преглед на вестите од светот

ЕП изгласа Резолуција за Србија со која се повикува на истрага за избиорите

Со 461 глас „за“ и 53 „против“ Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата за Србија, со која се повикува на независна истрага спроведена од меѓунaродни правни експерти и институции со цел да се испитаат сите пријавени нерегуларности на декемвриските парламентарни, локални и покраински избори, а особено на изборите за град Белград. Како што е наведено во резолуцијата, Србија не ги исполнила своите обврски за слободни и фер избори. Документот што го усвоиja европрaтенците, повикува и да се прекине финансиската помош од ЕУ за Србија доколку српските власти не се подготвени да ги спроведат  препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборите или ако меѓународната истрага покаже дека српските власти биле директно вклучени во изборна измама. Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР се очекува да биде објавен во наредните недели.

 

Блинкен ја заврши турнејата на Блискиот Исток без успех, Израел отфрли уште една понуда за прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секетар Ентони Блинкен денеска ја заврши турнејата на Блискиот Исток, која беше одбележана со можеби најсериозните отворени несогласувања помеѓу САД и Израел од почетокот на војната во Појасот Газа. Израелскиот премиер експресно ја отфли најновата понуда на Хамас за прекин на огнот за кој Блинкен рече дека е почетна точка за понатамошни преговори. Хамас предлага оружјето во појасот Газа да мирува четири и пол месеци, за тоа време ќе бидат ослободени сите заложници, Израел 'е ги повлече своите војници од енкалавата и 'е се постигне договор за заврушување на војната.

- Иако во одговоорт на Хамасс има јасни недостатоци, сметаме дека тоа остсва просто за постигнување договор. На тоа неуморно ке работиме додека не се постигне, рече Ентони Блинкен.

Нетањаху вели дека Израел е блиску до победа во Газа, истакнувајки дека изралеските одбранбени сили работат систематски и ќе ги постигнат сите цели на војната: ослободување на сите заложниците и елиминација на Хамас. Се претпоставува дека Хамас се уште држи околу 136 заложници. Ослободените заложници ја повикаа израелската влада да се договори со Хамас побрзо, во спртино како велат нема да останат заложници за ослободување.

 

Борис Надеждин не доби дозвола од изборната комисија да биде ривал на Путин

На Борис Надежднин, лидерот на Граѓанската иницијатива не му е одобрена кандидатура за претседателските избори во Русија закажани за 17 март. Тој најави жалба на одлука на Централната изборна комисија која одби да го регистрира како канидат тврдејки дека откриле неправилности во повеќе од 15 отсто од доставените 105.000 потписи за поддршка на апликаицјата на Надеждин.

„Учеството на претседателските избори 2024 година претставува моја најважна политичка одлука. Јас нема да се откажам“, порача Надежин кој важи за остар критичар на актуелниот претседател Путин за војната во Украина. Конечната одлука за тоа кој може да учествува на изборите ќе биде донесена во сабота, но според анкетите победата на Путин на изборите одамна се смета за сигурна.