Преглед на вестите од светот
Хавиер Малеј, победник на претседателските избори во Аргентина
Хавиер Малеј е новиот претседател на Аргентина. Официјалните резултати не се објавени, но неговиот ривал, перонистичкиот министер за економија Серхио Маса, во својот говор по гласањето ја призна победата на Малеј.
Малеј кој го искористи гневоот на гласачите во Аргентина, земја која се соочува со огроман инфлација, освои околу 56 отсто од гласовите наспроти нешто повеќе од 44 отсто кои завршија на контотот на неговиот ривал Маса.
Во своето прво обраќање, рече дека Аргентина по овие избори се враќа на патот што никогаш не требало да го изгуби, пат кој бил катастрфалелен за еконосмската состојба во земјата.
Главните предизвиците на Малеј ќе бидат справување со празната каса на владата и централната банка, програмата покривање на долгот од 44 милијарди долари кон Меѓународниот монетарен фонд, како и инфлацијата која се приближува до 150%.
За надминување на овие проблеми, екстремниот десничар најави дека ќе ги намали владините трошоци, ќе ја доларизира економијата и ќе ја елиминира Централната банка, како и клучните министерства, вклучително и оние за здравство и образование.
Тој треба да ја преземе власта на 10 декември.
Нови инциденти во албанскиот парламент
Нови инциденти во парламентот на Албанија за време на усвојувањето на буџетот за 2024 година. Иако целиот процес на гласање траеше околу 5 минути, пратениците од опозицијата активираа димни бомби.
Претходно, опозициските пратеници направија блокади со столчињата, со цел да ја блокираат говорницата. Но тој обид не им успеа поради интервенција на обезбедувањето, кое во еден момент се судри со опозиционерите Газмент Бард и Рамадан Лика.
На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти седницата. И покрај ваквата состојба во Собранието, во кое во еден момент избувна и мал пожар, буџетот беше начелно изгласан.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар