Loading Video...
Свет
1. September 2024 - 16:45

Преглед на вести од светот

Хамас егзекутираше шестмина израелски заложници. Пронаоѓањето на телата во Газа повторно ги турна во криза преговорите за примирје и ослободување на останатие заложници.

Израелската армија спровела акција за нивно ослободување, но борците на Хамас ги ликвидирале само моменти пред израелските трупи да стигнат до нив.

Ова е јасна порака за израелската власт. Тој што убива заложници не сака да дојде до договор за мир.

-Граѓани на Израел, ние се бориме на сите фронтови против брутален противник кој сака да не убие сите нас. Само утрово уби тројца полицајци во Хеброн, вели претседателот Нетанјаху.

Ликвидацијата на шестмината заложници извади демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху. На протестот беа прикажани и фотографии од убиените заложници.

- Ја жалиме смртта на шестмина заложници. Требаше да се вратат живи. Можеа да се вратат живи. Сега ни треба договор. Треба да се вратат живи.

Во Газа се уште во сила е примирјето кое беше постигнато за вакцинација на децата од парализа.

- Денеска дојдов во клиниката на УНРВА за да ги вакцинирам моите ќерки против детска парализа и дај Боже да не видиме други болести освен болестите што веќе ги доживуваме. Се надевам дека ќе се вратиме во нашите домови здрави и здрави.

Акцијата на Обединетите нации има за цел да вакцинира 640.000 деца во Газа откако минатиот месец беше забележан првиот случај на бебе со тип два од полио вирусот – прв случај во последните 25 години.

 

Украина со дронови нападна руска енергетска инфраструктура. Погодена е рафинерија близу Москва.

Руските власти тврдат, дронот бил соборен, но негови делови оштетиле специјален технички оддел на Московската рафинерија за нафта. Руската воздушна одбрана уништила над 150 беспилотни летала. Во украинскиот напад, според Москва нема штета или жртви и нема опасност за работа на рафинеријата.

Русија возврати со воздушен напад врз Харков. Повредени се над 30 луѓе, меѓу кои и деца.

- Денеска имаше уште еден напад врз Харков со повеќе од 10 проектили. Беа погодени неколку локации, вклучително и супермаркет кој беше полн со луѓе. Тоа е внатре во трговски центар, вели гувернерот на Харков, Олег Синехубов.

Војната во Украина се разгори откако Киев почна контраофанзива и навлезе на руска територија.

 

22 луѓе загинаа во хеликоптерска несреќа на полуостровот Камчатка во Русија. Хеликоптерот ми-8т полета од блиска база, но се сруши откако налета на циклон со силен ветер и дожд. Причините за падот се уште се истражуваат.

Во спасувачката мисија која ја лансираа руските власти пронајдени се телата на 17 луѓе, а по другите се уште се трага