Македонија
3. August 2015 - 16:40

Прегазено момче се бори за живот

17 годишното момче кое било удрено од возило е во загрозена животна состојба поради обилно крварење во главата како и поради  скршеници на двете потколеници и на две ребра.

Повредите, седумнасесетгодишникот од селото Скудриње ги добил откако вчера околу 22 часот и 30 минути врз него налетало и го удрило возило Фолксваген пасат со охридски регистарски таблички.

Возилото го управувал 31 годишно лице по потекло од Ростуше кое сега живее и работи во Охрид. Несреќата се случила во близина на Скудриње на регионалниот пат Маврови Анови Дебар. Таму момчето се движело пеш по патот. По ударот прва помош му е укажана во здравствениот дом во Ростуше, а потоа бил однесен во гостиварската болница.

Од таму поради сериозните повреди повторно е извшено префрлување на повредениот, овој пат во скопскиот клинички центар.  Полицијата и обвинителството извршиле увид со што започна истргага да се откријат деталите од оваа сообраќајна несреќа.