Македонија
5. May 2016 - 14:09

Прегазени двајца пешаци во Кичево

Почина пешак од Кичево, а уште еден е повреден откако синоќа во 23:45 часот во нив удрил автомобил на ул. „Прилепска“ во Кичево.

Возилото „опел вектра“ кое удрило во педесет и четиригодишните пешаци Е.С. и С.С.  го управувал М.Д.(36) од Кичево, кој го напуштил местото на несреќата.

Пешакот Е.С. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, а С.С. се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштена на домашно лекување.

Како што информира МВР, 45 минути по полноќ возачот и возилото се пронајдени и при извршено алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.