Македонија
14. October 2016 - 10:50

Прегазена жена во Скопје

Страшна сообраќајна несреќа во Илинден. Шеесет и четири годишната Г.К. од скопско Бујковци вчера утрината околу 7 часот и 30 минути била прегазена во скопската населба, откако во неа удрил автомобил „Фиат Уно“ управуван од 31 годишниот М.Б.

По несреќата  несреќната женат била пренесена во Ургентниот центар каде и се констатирани тешки повреди и е задржана на понатамошно лекување.