Прегазена 46-годишна жена на регионалниот пат кај Кадрифаково
Четириест и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика.
Во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица од ударот, жената починала на самото место.
Според СВР Штип, несреќата се случила во 6.27 часот. Им било пријавено дека на регионалниот пат кај село Кадрифаково, возило „форд фокус“ со светиниколска регистрација управувано од 43-годишниот Т.Г. од село Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од село Кардифаково. Во незгодата, С.С. се здобила со повреди и починала на самото место. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе во содејство со јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
