-->
-->
Прегазена 24 годишна девојка на пешачки премин во Карпош
-->
Прегазена млада девојка пред Сити мол во Скопје.
Според првичните неофицијални информации станува збор за 24 годишна девојка.
Според информации на Сител во моментот кога девојката во придружба на уште едно лице преминувала пешачки премин била удрена од возило „цитроен“ по што била фрлена неколку метри при што се здобила со смртни повреди и починала на самото место.
Инаку, неофицијално автомобилот кој удрил во девојката претекнувал друго возило кое стоело за да ги пропушти пешаците.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а блокиран е и еден дел од улицата „Партизанска“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп
-
Целосно изгаснат пожарот во Чаир
-
Претепал припадник на ЛГБТИ заедницата, скопјанец заработи условна осуда
-
Вработен во казино во Тетово коцкал пари од прометот