Македонија
8. October 2016 - 12:26

Прегазен велосипедист во Прилеп, возачот на комбето побегнал

Вчера во 11,15 часот во Прилеп на бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода во која товрано моторно возило комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач, удрило во велосипед управуван од Љ.Т.(1939) од Прилеп, по што комбето го напуштило лице местото.

Во незгодата Љ.Т. се здобил со тешка телесна повреда, по што бил пренесен во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Прилеп.