Прегазен татко со бебе во Тетово и уште четворица повредени во сообраќајни несреќи
Шест лица се повредени во три сообраќајни несреќи што се случија ноќеска за помалку од два часа во тетовско.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првата сообраќајка со две повредени лица се случила околу 19 часот на улицата „167“ откако „голф“ со тетовски таблички налетал удрил во 27-годишниот М.Б. и неговиот едногодишен син при што им нанел телесни повреди. Таткото и синот се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош се задржани за натамошно лекување. Увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина на возилото според условите на патот.
Втората сообраќајка се случила на наплатната рампа кај Тетово на автопатот Гостивар Тетово околу 20:45 часот кога се судриле автомобил „фијат браво“ управувано од Т.З.(54) и товарно моторно возило „ивеко“ со скопски таблички управувано од К.Н.(51). Во несреќата тетовецот се здобил со телесни повреди и е пренесен во тетовската болница каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е тоа што тетовецот возел под дејство на алхокол. Кај него се измерени 2,17 промили алкохол во крвта.
Третата собраќајка се случила околу 20:45 часот на излезот од Тетово кон Скопје кога се судриле автомобил „венто“ со тетовски таблички управувано од Ф.И.(27) и влекач со полуприколка „волво“ со гевгелиски таблички управуван од А.Ц.(26) од Богданци. Притоа возачот на автомобилот и сопатникот Н.Х.(46), како и сопатничката Р.Е.(26) од Скопје се задобиле телесни повреди. Тројцата се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош Ф.И. и сопатникот Н.Х. се пуштени на домашно лекување, додека Р.Е. е задржана за натамошно лекување. Причина за несреќата е непочитување првенство.
Во овој период имало уште една сообраќајка, но на гостиварското подрачје која поминала без повредени. Околу 19:25 часот на локалниот пат за Леуново од патот Мавровска крстосница Маврови анови, автомобил „форд фјужн“ управуван од Д.А. (53) од Скопје налетал и удрил во елен. Ниту возачот, ниту еленот немале повреди, а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина