Македонија
16. February 2018 - 13:52

Прегазен старец во Инџиково

Во скопското село Инџиково вчера околу 9:20 часот патничко возило „Мерцедес“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Р.А. (35) од скопското село Сингелиќ удрило во пешакот С.Б. (73) од село Инџиково.

Од ударот, С.Б. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.