Македонија
22. September 2018 - 13:05

Прегазен пешак во Куманово, со тешки повреди пренесен на Клинички во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 14:00 часот во Куманово на бул.„Октомвриска Револуција“ во близина на крстосницата со ул.„Пионерска“, се случила сообраќајна незгода во која Б.К. (22) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот Г.П. (62) од Куманово.

Во незгодата, пешакот Г.П. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Ургентен центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар Скопје.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.