Македонија
19. February 2025 - 11:58

Прегазен 17-годишен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.