Предвремени избори не се решение за Законот за СЈО
Донесувањето на законот за Јавното обвинителство не треба да се условува со предвремени избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Ние не сме за предвремени избори. Решение треба да се изнајде, но не со предвремени избори. Ќе дадеме шанса на јавното помирување за да можат да работат работните групи, а тоа може да се случи уште оваа недела, истакна Заев на прес-конференција во Владата.
Би биле лаици и непатриоти, дополни, ако со предвремени избори ги уништиме актуелните економски бројки.
Тој кажа дека ова е период на разговори, оти многу предлози на опозицијата се прифатени од власта и дека во Владата веќе се разгледува предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дојде до решение.
Прашан дали разговорите на работните групи продолжуваат попладнево, тој рече дека нема таква информација.
Заев не сакаше да одговори на новинарско прашање во врска со информациите дека Катица Јанева наводно побарала „форензичко бришење“ на податоците во СЈО и упати одговор на ова да се побара кај надлежните органи. Воедно ги охрабри институциите да продолжат со истрагата.
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура

