-->
-->
Предупредување: "Се соочуваме со неповратна штета, ни се заканува самрак на цивилизацијата"
-->

Тој, во досега најдраматичната изјава, предупредувал дека светот се соочува со неповратна штета во околината која би можела да доведе до колапс на цивилизацијата.
"Меѓутоа, надеж се уште постои, но само ако човештвото преземе драматични акции", рекол тој, пренесува "BBC".
Тој истакнал дека во 20 години, откако зборува за влијанието на климатските промени на нашиот свет, работите се промениле многу побрзо од тоа што мислел.
"Можеби звучи застрашувачки, но научните докази велат дека ќе се соочиме со неповратни последици од нашето загадување на Земјата ако итно не преземеме радикални мерки", порачал Атенборо во својата најнова емисија на BBC.
Собрал изјави од бројни водечки научници кои истакнуваат дека темпаратурите растат неверојатно брзо, па светот денес е барем за еден степен Целзиус потопол отколку во претходната ера на индустриската револуција.
За да ги поткрепи овие радикални тврдења, Атенборо ги зачинил со потресни сцени од луѓе кои бегаат од шумски пожари во САД, вклучувајќи и сцена од татко кој со синот одвај се спасил возејќи се низ огнениот пекол.
И за тоа е виновно глобалното затоплување, сметаат научниците, бидејќи тоа доведува до се посува клима, која предизвикува шумски пожари во огромни размери. Веќе сега е јасно дека некои промени кои се случиле на нашата планета се неповратни.

Сер Дејвид Атенборо наведува дека катастрофалната иднина би можеле да ја избегнеме доколку почнеме да ги разбираме заканите со кои се соочуваме.
Порачува дека човештвото со крупни чекори оди напред во развој на обновливите извори на енергија. Но, истакнува дека политичарите мора да бидат храбри и одлучни ако сакаме да го избегнеме самракот на цивилизацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?