Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто
За ваквиот систем на пренесување се поврзува и легионелоза – бактериска инфекција која што доведува до пневмонија.
Затворените системи за вода во внатрешноста на компаниите, училиштата, фабриките, зградите и другите јавни институции, станаа идеално место за развој на многубројни микроорганизми.
Легионарската болест привлекува најголемо внимание, затоа што како и Ковид-19 и таа ги напаѓа белите дробови.
Централизиран систем за ладење, вентилација и кондензирање на воздухот се разгледувани во случајот на пандемијата Ковид-19 на големите крузери, но овие системи можат да бидат патека за пренесување и предизвикување на туберкулоза, мали сипаници или пак грип.
За овој систем на пренесување поврзана е и легионелоза, бактериска инфекција која доведува до пневмонија.
Хидромасажни кади, фонтани, системи за прскање вода...
„Овие системи, можеби се најдиректно во контакт со луѓето, но опасноста доаѓа и од хидромасажните кади, фонтани, системи за прскање вода и многубројни други работи кои што се наоѓаат во работните згради“ – вели професорот д-р Горан Белојевиќ од Институтот за хигиена и медицинска екологија при медицинскиот факултет во Белград.
Сите системи кои што се затворени три месеци се идеално место за вируси.
![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2020-05/nOGGc8yWjm-po-kovid-19-doktorite-predupredija-na-poloso-nesto-bolesta-koja-sledi-moze-da-bide-pogubna.jpeg)
Доколку подолг период овие системи не се користат, тогаш создаваат идеални услови во водата да се создаде биофилм од амеби, бактерии или пак вируси. Поради вонредната состојба таков е случајот во соседна Србија.
„Доколку системот не е исчистен, тогаш ништо не треба да допирате“ – истакнува професорот.
Секоја комерцијална зграда која што била празна подолго од три седмици, претставува ризик за избивање на легинарска болест.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом