ОН предупредуваат на колапс на авганистанскиот банкарски систем
Обединетите нации предупредуваат на тешки последици од евентуален колапс на авганистанскиот банкарски систем.
-Економската цена од колапсот на банкарскиот систем, со неговите придружни негативни социјални последици, би била огромна, се наведува во денеска објавениот извештајот на Програмата за развој на ОН (УНДП).
Колку подолго е потребно за обновување на финансискиот и банкарскиот систем, толку подолг ќе биде периодот на опоравување поради последователниот недостаток на доверба од гледна точка на меѓународните пазари.
– Оваа ерозија е тешко да се поправи и може да трае со децении, се посочува во извештајот.
ОН соопштија дека заштитата на барем дел од комерцијалниот банкарски систем е исто така клучна за продолжување на хуманитарните и другите основни хуманитарни програми.
Откако талибанците на 15 август ја презедоа власта во Авганистан, државите ја прекинаа помошта и фондовите за развој на земјата, а резервите од над девет милијарди долари на Авганистанската централна банка беа замрзнати. Исто така нема редовни испораки во долари во земјата, што доведе до криза со ликвидност, а граѓаните можат да повлечат само мали суми пари.
Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, авганистанската економија би можела да се намали до 30 отсто во периодот од 2021 до 2022 година.
– Покрај колапсот на економијата, проблемите во банкарскиот систем би можеле дополнително да ја намалат веројатноста за опстанок на малите и средни компании, кои се клучни за населението, се истакнува во извештајот на УНДП.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
