-->
-->
Предраг Петрушевски: Заев заборава дека многу деца нема кој да ги прехрани, бидејќи нивните родители загинаа во заседи
-->

Тој како и многу граѓани е изненаден од одлуката Хоџа кој инаку е поранешен припадник на ОНА и поранешен пратеник да биде ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за период од една година при што ќе добива плата од 36.000 денари.
„Пред да биде премиер Заев изјави дека на СДСМ не им личел патриотизмот и дека огромна грешка им било што дале поддршка на Законот за бранителите. Со назначување на Хоџа, само даде потврда на изјавата“- вели Петрушевски.
За објаснувањето кое вчера за медиумите го даде премиерот Заев при што кажа дека Хоџа ќе биде од помош и дека имал многудетно семејство, па затоа ќе може да си го заработи лебот чесно, Петрушевски потсетува дека не се води грижа за децата на бранителите.
„Хоџа имал многудетно семејство, и требал да ги прехрани, Господ здравје да им даде. Но, Заев заборава дека многу деца нема кој да ги прехрани, бидејќи нивните родители загинаа во заседите и нападите 2001-та, организирани од Хоџа. Но, бранителите се горди луѓе и не плачат, туку стискаат заби и продолжуваат со својот секојдневен живот“- вели Петрушевски.
Бранителот смета дека секако можело за таа позиција да се одбере соодветен кадар, со соодветно образование и искуство.
„Хм, дали има посоодветна личност за советник? Па, покрај толку граѓани со професорски титули и со теренска подготвеност, мојот одговор е секако да. Има многу Албанци кои се посоодветни за таа функција и не само Албанци, туку и сите други“- вели Петрушевски.
Тој додава дека бранителите никогаш не жалеле и не се покајале што застанале на браникот на Македонија во 2001 годна, а сигурен е дека ако повторно би затребало, ниеден од нив не би се двоумел повторно да земе оружје и да тргне во борба за одбрана на сè што е македонска вредност.
Заев кажа дека нема предрасуди и дека Хоџа може многу да помогне доколку има екстремистички групи во Танушевци.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не може Заев да го плаќа Хоџа од народни пари и дека ако сака да го згрижи подобро е да го вработи во неговите семејни фирми. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски повика да се раскине договорот за вработување, и додаде дека Хоџа е на американската црна листа.
Извор: Фактор
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред