Предните заби го откриваат вашиот карактер - Каков е вашиот облик?

Покажете ни ги забите и ќе ви кажеме кои сте. Отсега па натаму, веќе не ни мора да разговарате со некого за да дознаете нешто повеќе за неговата личност. Едноставно погледнете им ги забите кога ќе проговорат нешто или пак, кога ќе се насмеат. Но имајте на ум дека на истиот начин и тие можат да дознаат нешто за вас! Оваа теорија е развиена од страна на таткото на медицината, Хипократ. Пробајте ја на вашите пријатели и кажете ни дали функционира!
1. Четириаголни предни заби

Ако имате четириаголен облик, вие најверојатно сте мирна личност што може да ги контролира своите емоции. Поради вашиот смирен и резервиран карактер, вие понекогаш давате впечаток како да сакате да се држите на дистанца.
2. Овални предни заби

Оваа форма укажува на уметничка и креативна душа. Имате око за детали и знаете дека дури и ситниците можат да направат голема разлика. Емпатични сте и ги разбирате емоциите на другите луѓе. Понекогаш се губите во размислувањата и тешко ви е подолго време да бидете сконцентрирани на едната иста работа.
3. Триаголни предни заби

Вие сте оптимистична, безгрижна и динамична личност. Сакате да бидете опкружени со луѓето и брзо стекнувате пријатели. Всушност, вашиот најголем страв е самотијата!
4. Правоаголни предни заби

Ако имате правоаголни предни заби, вие сте родени шефови. Имате силни лидерски вештини и брзо донесувате одлуки, дури и кога сте под голем стрес. Одлучни сте при остварувањето на зацртаните цели. Некогаш сте премногу фокусирани на себе, па другите луѓе стекнуваат впечаток дека сте егоистични.
://kafepauza.mk
Ново на Сител
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
-

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
