Предлози од МАН за преговорите за медиумите
Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска соопшти дека има неколку предлози за преговорите од областа на медиумите кои ги водат четирите политички партии.
МАН предлага работата со Агенцијата за медиуми да ја водат непартиски лица. Претседател на инстутицајата да може да биде само лице кое заеднички би го предложиле двете новинарски асоцијации МАН и ЗНМ, а никако политичка партија, без разлика за која партија станува збор.
Во работата на Агенцијата за медиуми, како и во органите на јавниот сервис, смета МАН, треба да бидат првенствено и доминантно вклучени двете новинарски здруженија кои ќе предлагаат најмалку половина од членовите на Советот на МРТ и на Агенцијата за медиуми, а потоа во составот на овие тела да бидат вклучени стручни претставници на јавниот сектор како од македонскиот, албанскиот и турскиот театар, Адвокатската комора, претставници на МПЦ и Исламската верска заедница, универзитети, Заедницата на локална самоуправа и на МАНУ. Тоа обезбедува широка јавна контрола врз работата на медиумите.
МАН предлага со закон да се забрани какво било вплеткување на партиите во составот и работата на Агенцијата за медиуми и Програмскиот совет на МРТ, да се забрани членство за било кој партиски функционер, како и на партиите да предлагаат членови во тие институции.
- МАН апелира медиумите, поточно печатените медиуми насловната една третина да ја објавуваат црна со која ќе се изрази протест од фашизмот од СДСМ кон медиумската област, a телевизиите и радијата во 15 секунди да објават еден вид спот (телевизиите на црна позадина) во кој ќе се изрази протест од фашизмот од СДСМ кон оваа област, стои во соопштението на МАН.
Ново на Сител
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
-
Диносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници
-
Зеленски: Путин чувствува неказнивост
-
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост
-
Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми
-
ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци
-
Вонреден инспекциски надзор во Болница-Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете