Предложени првите сведоци пред Анкетната комисија за прислушувањето (ДПЛ)
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер, се повикани да бидат сведоци пред Анкетната комисија за прислушување во Собранието.
Комисијата писмено ќе ги извести дека се повикани да сведочат, а тие ќе треба да информираат кога во периодот од 9 до 15 декември ќе можат да дојдат и да сведочат.
- Јавно ги повикувам до понеделник (7 декември) да достават известување во кој термин од 9 до 15 декември можат да сведоачат, изјави претседателот на Комисијата Петре Шилегов.
На листата на сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка Јанкулоска, додека на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протоѓер. ДПА не достави листа со сведоци поради тоа што, како што изјави Ернад Фејзулаху, не им верува на институциите и смета дека тие што ја предизвикаа кризата не можат да ја решат.
Седниците на кои што ќе бидат сослушувани сведоците ќе бидат затворени за јавноста. Пратеникот Антонио Милошоски пред седницата изјави дека седниците, според нивниот предлог, ќе бидат затворени бидејќи целта е да се утврди вистината, а не да се прави театар.
Претседателот на Комисијата Шилегов во изјава за медиумите по седницата рече дека не е изненадување барањето седниците на кои ќе сведочат членови на ВМРО-ДПМНЕ да бидат затворени.
- Ги усвоивме планот и програмата на Комисијата и утврдивме листи на сведоци, за жал ВМРО-ДПМНЕ јавно соопшти дека има став сите членови на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе бидат повикувани на сослушување да биде надвор од очите на јавноста односно тоа да се одива на затворени седници, рече Шилегов.
Податоците кои ќе бидат изнесени на тие седници, а кои не се од класифициран карактер, како што кажа „ќе бидат достапни на јавноста по целосен ризик за нас како членови на Комисијата“. Според Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ нема намера и не сака да биде спроведен договорот од Пржино.
- На судот на јавноста ќе оставиме кој од нив ќе се појави, а кој нема да дојде да сведочи. Не постои законска обврска да се појават на тоа сведочење, рече Шилегов.
Анкетната комисија денеска го усвои планот за работа со динамика на сослушување на сведоци и посета на институции.
Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно почнувајќи од понеделник 7 декември до 22 јануари 2016 година. Според тајмингот за работа, седница за подготовка на извештајот на Комисијата е планирана за 29 јануари 2016 година. Извештајот треба да биде готов до 31 јануари.
Ново на Сител
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати