Предложени девет кандидати за уставни судии
Девет кандидати за судии на Уставниот суд предложија членовите на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница.
Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи шест кандидати: универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во рамки на седницата предложи кандидатите за уставни судии да имаат лично обраќање и претставување во времетраење од 15 минути за, како што рече, пратениците да можат освен биографијата, од предложените кандидати за уставни судии во живо да ги видат и да ги слушнат нивните размислувања за работата на Уставниот суд, за нивните познавања за надлежноста на Судот и нивните лични биографии и размислувања во однос на тоа зошто тие сметаат дека секој од нив да биде компетентен или добар совесен член на Уставниот суд во иднина.
– Затоа барам во овој дел и тоа претходно го спомена и колегата Диме Велковски дека нема против, но има широка дискусија во која би имало и лично претставување и на предложените кандидати за членови на Уставниот суд. Ова го говорам затоа што сметам дека нема да одземе многу време, рече Милошоски.
Денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се одржа по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места.
Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
-

Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир
-

Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника
