Предлогот за импичмент на претседателот Иванов на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 105. седница на која ќе расправа по предлогот на опозицијата за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија.
Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.
Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов првично беше разгледан и оценет како неоснован од страна на членовите на собраниската Комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. Минатиот понеделник, Комисијата со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент е неоснован. За ваквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.
Опозицијата смета дека Иванов со актите за помилување го прекршил Законот за помилување и Уставот на Република Македонија, додека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барањето за импичмент е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи, туку е неуспешен обид да се удри по највисоката институција Претседател на Република Македонија.
Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив. Потоа на 6 јуни, Иванов ги поништи и останатите одлуки за помилување.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
