Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници. Пратениците во рамки на 24. седница ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на македонската Армија за учество во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог-законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ - Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци - фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, по скратена постапка, како и предлог-законите за образование на возрасните, за стручно образование и обука, за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Предлог-законот за средното образование, сите во прво читање.
Пратениците во рамки на продолжението на 14. седница треба да дискутираат за Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Северна Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка.
Во рамки на продолжението на 22.седница, пратениците ќе расправаат по Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година, Предлогот за разрешување членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и Предлог на декларација за признавање на државата Палестина.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени